Политано и Лукаку за триумф на Наполи над Милан

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Политано и Лукаку за триумф на Наполи над Милан

Во дербито на денешната програма во Серија А, вечерва тимот на Наполи успеа на домашен терен да го совлада тимот на Милан со конечни 2:1.

Творци на победата за домаќинот беа Политано и Лукаку со голови постигнати во втората односно 19. минута.

Потоа на Милан му беше многу тешко да се врати во игра резултатски. Можеби се ќе беше поинаку ако Хименез го реализираше пеналот во 69. минута од мечот, но вака дури во 84. минута Лука Јовиќ постигна гол за намалување на водството на домаќинот.

Сепак, Милан немаше сила за ништо повеќе од ова, па може слободно да се каже дека Наполи сосема заслужено дојде до победа. Оваа победа на тимот му донесе вкупно 64 бода и второ место додека Милан е деветти со 47.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата