Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“
ФОТО:.facebook.com/officialussoccer

Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три тима во англиската прва лига – Саутемптон, Тотенхем и Челзи – а медиумските шпекулации велат дека по Светското првенство во лето би можел да ја напушти сегашната работа и да се врати на Островот.
„Ја сакам земјата и нејзината култура, фудбалската култура. За секој со натпреварувачки дух кој сака да се натпреварува со другите и да ги тестира своите способности, ова е идеалното место. Мора да го дадете својот максимум“, рече Покетино во интервју за „Л’Екип“.
Аргентинецот призна дека Тотенхем му се обратил за евентуално враќање во клубот шест месеци откако го презеде Пари Сен Жермен во 2021 година.
„Не беше само Тотенхем. Имаше и други многу големи клубови. Кога заврши таа шестмесечна сезона за мене, поради целата ситуација со Ковид, имаше одредена нестабилност во клубот. Уживав во искуството во ПСЖ, но имав и други можности што ги споделив со клубот. Но, тие одлучија да не ги слушаат ниту една од нив“, додаде Покетино.
Аргентинецот беше поврзуван со Спарс по отпуштањето на Анже Постекоглу минатото лето, но тој тогаш рече дека враќањето во северен Лондон не е реално во тоа време.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата