По стапките на својот сонародник: И Канте бојкотира во Ал Итихад!

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По стапките на својот сонародник: И Канте бојкотира во Ал Итихад!
ФОТО:facebook.com/ittihadclub.sa/

Прво Карим Бензема, а денеска и Н`Голо Канте. Францускиот играч од средниот ред сака да приклучи на Фенербахче. Тој тоа јасно му го стави до знаење на тимот на АлИтихад и денес одбил да тренира со остатокот од тимот за да го пушти во Турција.
Синоќа трансферот беше пред реализација. Клубовите имаа двоен договор Канте – Јусеф Ен-Несири, но сè беше откажано во последен момент.
Фенер ги обвинува Саудијците за сè. Тие објавија дека договорот не се реализирал поради нив.

Сè беше договорено, медицинските прегледи беа направени и од наша страна сите обврски беа исполнети. Сепак, другиот клуб не ги почитуваше правилата за регистрација и трансферите не можеа да се реализираат.“
Сепак, Канте не се откажува. Тој сака да се приклучи на Фенербахче, па денес за прв пат ја покажа својата темна страна. 34-годишникот одби да тренира. Тој конкретно бара трансферот да се реализира.
„Н’Голо Канте не тренираше денес. Тој бара трансфер во Фенербахче“, објавија саудиските медиуми. Заминувањето на Французинот би бил уште еден удар за Ал-Итихад. Вчера, тие го загубија Карим Бензема, кој замина во нивниот најголем ривал Ал-Хилал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата