ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

22.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас
фото: Premier League (X)

Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал Палас. Победата на „карамелите“ ја најави Десбјури-Хол со голот во 42. минута, а печат на триумфот стави Бери со голот во 53. минута од мечот.

Големо разочарување за навивачите на „Сити Граунд“ каде екипата на Нотингем Форест на домашен терен загуби во првото коло од новата сезона од екипата на Лидс Ј. Иако мечот долго време беше со почетниот резултат, со голот на Стах во 88. минута, Лидс Ј. дојде до водство кое на крајот му донесе три бода.

Ипсвич, пак, се радуваше во 90. минута од мечот со Сандерленд. Гостите имаа 1:1 до самиот крај, но Џек Кларк во последните секунди од регуларното време погоди за 2:1, и донесе три големи бода за Ипсвич на стартот на сезоната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата