Пиоли го разбуди Ал Наср – победа на гости, гол на Роналдо, две асистенции на Мане

20.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пиоли го разбуди Ал Наср – победа на гости, гол на Роналдо, две асистенции на Мане

Прв меч и прва победа на Стефано Пиоли на клупата на Ал Наср. Италијанецот ги предводеше „жолто-сините“ до победа од 3:0 на гостувањето кај Ал Етифак. Мечот го отвори Кристијано Роналдо од пенал во 33 минута. Тоа е негов 29 гол во 2024 година (ОВДЕ).
Во второто полувреме се разбуди и Садио Мане кој два пати асистираше за головите на Ал Наџи во 56 минута и на Талиска во 71 минута.
Ал Наср ја впиша втората победа во четвртиот меч сезонава, а Ал Етифак првиот пораз по трите победи во воведните три кола.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата