Пикси со порака до Словенците: “Утре ќе истрчиме на терен за да ве победиме“!

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикси со порака до Словенците: “Утре ќе истрчиме на терен за да ве победиме“!

Утре од 15 часот во Минхен, во меч од групата – Ц, се игра мечот меѓу Србија и Словенија. По поразот од Англија, но и по се она што се случуваше со капитенот Душан Тадиќ, селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ Пикси на денешниот прес и не беше така расположен, посебно кон еден новинар од Словенија.

На прашањето дали е оптимиста, Пикси нервозно му возврати:

А, зошто не би бил оптимист? Ние утре ќе истрчаме на терен за да ве победиме, дали тоа ви се допаѓало или не“.

На прашањето дали Тадиќ ќе биде меѓу стартерите, Пикси одговори:

Па, можете да го очекувате во стартниот состав“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата