Пикси добива премија од 1,2 милиони евра…многумина се прашуваат зошто!

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикси добива премија од 1,2 милиони евра…многумина се прашуваат зошто!

Иако имаше катастрофални квалификации, иако неговите момци одиграа очајно и во најслабата група во историјата, сепак селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ја однесе Србија на ЕВРО 2024 и тоа по пауза од 24 години.

Да се биде втор, и тоа едвај, во друштво на една Унгарија, Црна Гора, Литванија и очајна Бугарија навистина не е никаков успех, бадијала што сега вештачки се наметнува еуфорија од самиот селектор и од ФСС.

Ако е ова успех со онакви играчи тогаш што ќе беше ако Србија се паднеше во нашата група да игра квалификации и тоа со Англија, Италија, Украина…повеќе од сигурно е дека ќе имаше полоши резултати.

Сепак Србија по 24 години се пласира на ЕП и тоа под водство на Пикси и тоа е готово. Иако треба да се говори, односно да се напишат книги како тој, се разбира аматерски, ја водеше својата селекција. И за пласманот дека имаше луда среќа.

Инаку најновите шпекулации од Србија велат дека селекторот поради пласманот на ЕП ќе добие премија од неверојатни 1,2 милиони евра.

А многумина по социјалните мрежи се прашуваат…зошто?


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата