Пикфорд го спаси Евертон, Њукасл не искористи пенал

5.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикфорд го спаси Евертон, Њукасл не искористи пенал

Последниот денешен дуел од новцото коло во Премиер лигата меѓу Евертон и Њукасл заврши без голови. Главна заслуга за тоа има домашниот голман Џонатан Пикфорд, кој во 35’ успеа да го одбрани пеналот на Ентони Гордон и да не дозволи Њукасл да слави.

Евертон подоцна играше малку подобро, но сигурно немаше да биде заслужено вечерва да стигне до трите бода, бидејќи „страчките“ беа подобар ривал, но попусто.

Евертон веќе трет натпревар е непоразен, додека Њукасл стигна до 12 бода и моментално е на шестото место.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата