Перез на итен состанок со Анчелоти, притисокот сега е уште поголем

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Перез на итен состанок со Анчелоти, притисокот сега е уште поголем

Мечот со Арсенал ќе биде клучен за Карло Анчелоти за неговото место на клупата. Постои реална можност да дојде до промена на тренерот. Пред една недела шансите беа 50/50, но ситуацијата може многу брзо да се промени по мечот со Арсенал, најави Фабрицио Романо.

За потсетување, Реал во среда го пречекува Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Англичаните го добија првиот меч на Емирати со 3-0. Поради овој тежок пораз, претседателот на Реал, Флорентино Перез одржа итен состанок со Анчелоти, пишува Ас пред една недела. Перез му стави до знаење дека притисокот е огромен и дека јавноста се почесто бара негово разрешување.

Шпанските медиуми пренесуваат и дека Перез му рекол на Анчелоти дека може да остане по крајот на сезоната, но услов е да освои важен трофеј. Анчелоти нема да има лесна задача бидејќи е на прагот на испаѓање од Лигата на шампионите и заостанува зад лидерот Барселона во домашниот шампионат. Доколку не успее да освои нешто, голема е веројатноста дека ќе ја преземе Чаби Алонсо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата