“Перез е моќен човек, тој менува и поставува директори и уредници во весниците“!

20.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Перез е моќен човек, тој менува и поставува директори и уредници во весниците“!
Фото: ФК Реал Мадрид

Иако самиот не крие дека е голем фан на Реал Мадрид, сепак првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, свесен е дека Дон Флорентино Перез не го “мириса“ премногу.

Според Тебас тоа е поради фактот дека тој лично она што го мисли и го кажува, а некогаш тоа на Перез не му се допаѓа:

Перез е моќен човек и не му се допаѓа тоа што го говорам.Тој лично менува и поставува директори и уредници во најважните и најголеми весници. Мене во неколку наврати се обиде да ме тргне од оваа функција, но не успеа. Едноставно го кажувам тоа што го мислам, а познато е и тоа дека сум голем фан на Реал Мадрид“ рече покрај другото првиот човек на Ла Лига.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата