Пеп се извини за своето однесување: Се чувствувам засрамено

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пеп се извини за своето однесување: Се чувствувам засрамено

Тимот на Манчестер Сити доживеа пораз викендов против Њукасл во домашниот шампионат но веќе утре има активности во Лигата на Шампионите против тимот на Баер Леверкузен.
Менаџерот Пеп Гвардиола имаше свое видување во јавноста за последните настани, како и за непристојниот потег со кој што навреди еден од снимателите на преносот на дуелот против Њукасл, за кој што јавно се извини.

 „Се чувствувам непријатно и засрамено. Не ми се допаѓа. Му се извинувам на снимателот. Јас сум тоа што сум. Дури и со 1.000 натпревари зад мене, не сум совршена личност и правам грешки. Го бранам мојот тим и мојот клуб“ – рече Пеп па продолжи.

Треба многу да се подобриме откако загубивме четири од 12 натпревари. Но, математички сè уште е можно да се освои ФА Купот, Лига Купот, Лигата на шампионите и Премиер лигата. Вие сте искусни новинари. Дали ме слушнавте како зборувам за четирикратна титула во ноември или декември? Не. И нема да биде ништо поинаку ниту сега“, додаде Гвардиола па поентираше.

„Поразот од Њукасл беше веднаш заборавен. Размислувавме за тоа што се случи, но сега најважно е да го отвориме патот кон следната фаза од Лигата на шампионите. Има уште четири последни натпревари за играње – два дома и два на гости. Утре играме против третиот тим во Бундеслигата и тоа е многу важен натпревар за завршување меѓу првите 8. Ни треба победа, а потоа уште еден бод за да се квалификуваме во следната рунда“, рече Пеп за време на денешната прес-конференција.

https://twitter.com/CBSSportsGolazo/status/1992343227396210862

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата