Пекол во горниот дел од “костурот“, тука се Шпанија, Германија, Португалија и Франција, на Англија и се “отвара“ патот до финалето! (ФОТО)

25.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пекол во горниот дел од “костурот“, тука се Шпанија, Германија, Португалија и Франција, на Англија и се “отвара“ патот до финалето! (ФОТО)

Утре по средбите од 3.коло во групите Е и Ф ќе се знаат сите четвртфинални двојки на ова ЕП, но сепак јасно е дека горниот дел од “костурот“ е пеколен, додека долниот дел и не е така атрактивен.

Горе се Шпанија, Германија, Португалија и Франција, и ако се биде според прогнозите овие селекции ќе се “требат“ до финалето.

Долу пак на Англија, која покажа ужасна форма, целосно и се “отвара“ патот до финалето.

Сепак останва да се види што ќе се случува во 1/8 финалето и подоцна.

Засега познати се два осминафинални дуели и тоа Германија – Данска и Швајцарија – Италија.

Погледнете го “костурот“ од нокаут фазата на ЕУРО 2024:


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата