Павловиќ и Леао за гостинска победа на Милан (ВИДЕО)

1.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Павловиќ и Леао за гостинска победа на Милан (ВИДЕО)

На првиот денешен дуел од Серија А италијанската програма, тимот на Милан со многу потешкотии дојде до победа на гостувањето кај Кремонезе со конечни 0:2.

Творци на оваа победа се Страхиња Павловиќ и Леао кои што постигнаа погодоци во деведесеттата минута односно во четвртата минута од продолжението.

Се до тој момент, трите бода за гостите „висеа“ во воздух. Сепак, на крајот српскиот стопер успеа да погоди за водство, а Леао да ја потврди победата.

Со овој триумф Милан стигна до 57. бодови и натаму е втор, а Кремонезе остана на оние 24 кои ги имаше и досега. Во моментов тимот е на седумнаесеттото место.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата