Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро
фото: GOAL @goal (X)

Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро.

Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа повреда повеќе од една недела, и тоа на натпреварите против Швајцарија, Англија и Шпанија, додека се борел со силни болки. Имало денови кога болката дури и му го отежнувала дишењето.

Тренерскиот штаб и медицинскиот тим на аргентинската репрезентација, во консултација со самиот Леандро и неговиот тим, одлучија да не ја откриваат оваа информација за да не можат противниците да ја искористат за време на натпреварите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата