Палиња си оди од Минхен, следна дестинација Лисабон

20.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Палиња си оди од Минхен, следна дестинација Лисабон

Жоао Палиња е на пат да си замине од Минхен. Фудбалерот на германскиот шампион е блиску до трансфер во Бенфика.

Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, португалскиот клуб постигнал договор со Баерн Минхен за трансферот на играчот од средниот ред за 14 милиони евра, плус 5 милиони евра. Палиња веќе се согласил со трансферот, а клубовите ќе го формализираат договорот во следните 24 часа.

Палиња минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата