Иако самиот тој во неколку наврати јавно кажа дека во блиска иднина нема да се врати на тренерската работа, сепак кој може да му каже – НЕ мна Дон Флорентино Перез. Јасно е дека станува збор за Јирген Клоп, а фактот дека во шпанските медиуми се повеќе се пренесува дека сепак Германецот ќе седне на клупата на “кралевите“ по завршување на сезината, е тоа дека има нешто.
Уште повеќе што вчера и денеска се пренесува дека Клоп си кажал што мисли, односно поставил неколку услови за да го преземе тимот на Реал Мадрид.
Тоа се пет многу јасни услови за да го замени Арбелоа. Меѓу нив, тој бара да доведе двајца од неговите поранешни играчи од Ливерпул, Доминик Собослај и Алексис Мекалистер, како и стоперот Ник Шлотербек, но и да ги отстрани Фран Гарсија и Дани Себаљос бидејќи не ги гледа како дисциплинирани играчи. Оваа идеја чини најмалку 250 милиони евра, па ќе биде интересно да се види како Перез гледа на неа.

