Ова се десетте ѕвезди кои за првпат ќе играат на ЕП!

11.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се десетте ѕвезди кои за првпат ќе играат на ЕП!

До стартот на ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија, остануваат само уште три дена. Фудбалските фанови се во транс, сите со нетрпение го очекуваме Европскиот фудбалски самит што се вели.

Сепак за десет големи фудбалски ѕвезди ова ЕУРО ќе биде посебно. Имено тие за првпат ќе играат на едно ЕП.

А тоа се Дани Карвахал (Шпанија), потоа тука се тројца Французи и тоа Ориелен Чуамени, Тео Ернандез, Ферланд Менди, следуваат Андриј Лунин (Украина), тука е и Јан Облак (Словенија). За првпат на ЕП ќе играат и Квича Кварацкелија (Грузија), Душан Влаховиќ (Србија) и Доминик Собослаи (Унгарија).

Секако дека не смее да се заборави и на Вирџил ван Дајк (Холандија) кој на минатото ЕП не настапи поради повреда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата