Ова е новиот дрес на европскиот шампион! (ФОТО+ВИДЕО)

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е новиот дрес на европскиот шампион! (ФОТО+ВИДЕО)

ПСЖ е новиот освојувач на Лигата на Шампионите. Клубот од Париз веќе 12 дена ги живее своите најубави денови од постоењето. Без Мбапе, но со некои нови “деца“, Луис Енрике им ја донесе најпосакуваната титула на фановите на ПСЖ.

Инаку во пресрет на СКП и новата сезона, “светците“ го претставија и својот нов дрес, оној првиот, “домашниот“.

На него има детали од познатата архитектура на градот. Секако дека делува блескаво, а еве што стои во образложението за таквиот потег:

Поиконичен од кога било, легендарниот домашен дрес на Пари Сен Жермен е преработен со темно сина (полноќна) основа, силни црвени и бели детали и графички дизајн инспириран од решетеста структура што му оддава почит на архитектонското наследство на градот. Овој дизајн го отелотворува парискиот идентитет и традицијата на клубот. Од улиците на големиот Париз до трибините на ‘Паркот на принцовите’, овој дрес е повеќе од обична опрема: тоа е униформа на една генерација која го доживува фудбалот како култура и посветеност

ФОТО: ПСГ/ФБ

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата