Се она што се кажа за бразилецот Антони додека тој беше дел од тимот на Манчестер Јунајтед периодов, е демантирано откако тој зимава замина на позајмица во Бетис. Напаѓачот во само неколку меча покажа дека не само што не заборавил да игра фудбал туку не заборавил да погодува. И тоа на секој меч.
Вечерва на крилата на неговата игра во која што забележа гол и асистенција, Бетис победи во дуелот со Реал Сосиедад со конечни 3:0.
Откако остана со играч помалку гостинот, а домаќинот промаши пенал во првиот дел, второто полувреме изобилуваше со голови.
Антони погоди во 51. минута, Рока зголеми на 2:0 во 64. минута, за да на асистенција на Антони истиот играч во 69. минута реализира за 3:0.