Она кога Белингам ќе збесне, па ќе настрада ВАР екранот! (ВИДЕО)

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Она кога Белингам ќе збесне, па ќе настрада ВАР екранот! (ВИДЕО)

Ретко кој примети што направи Џуд Белингам по средбата со Валенсија на која Реал Мадрид беше поразен дома, на “Сантуијаго Бернабеу“. Јасно им е на сите дека тој пораз можеби “кралевите“ ќе ги чини титула, а тоа јасно му е и на Џуд Белингам кој по завршување на средбата, одејќе кон тунелот просто збесна и со нога го шутна ВАР екранот кој му се најде тука најблиску.

Дали ова го виде судијата е прашање. Но сега откако има и видео, можеби Англичанецот ќе добиее и соодветна казна.

На Џуд Белингам ова не му е првпат вака да реагира откако Реал Мадрид нема да победи. Англичанецот е познат по својот бурен темперамент и ќе мора во иднина да има во себе поголема самоконтрола.

Тој сепак е играч на Реал Мадрид и вакви работи не му доликуваат.

Погледнете што направи ѕвездата на Реал Мадрид:


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата