Официјално: Пауновиќ ќе ја води Србија до 2030 година

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Пауновиќ ќе ја води Србија до 2030 година

Репрезентацијата на Србија и официјално го доби новиот селектор. Замената за Драган Стојковиќ Пикси, како што беше веќе познато, а сега и официјализирано е Вељко Пауновиќ кој што потпиша договор до 2030 година.

Тој веќе го водеше националниот тим на нашиот северен сосед, но само како „бек-ап“ варијанта за да се доиграат актуелните Мундијалски квалификации. Тоа го направи без активен договор, кој што сега Пауновиќ го добива.

Човекот кој што е роден во Македонија и има потекло од тука, беше и желба на јавноста во Србија, а ете сега истата и се остварува.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата