Официјално: Мален е нов напаѓач на Рома

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Мален е нов напаѓач на Рома
фото: AS Roma (X)

Рома и официјално се засили со напаѓачот на Астон Вила, Дониел Мален, кој доаѓа во Рим на позајмица до крајот на сезоната. Според информациите, договорот вклучува опција за откуп на 26-годишниот фудбалер.

Претходно беше објавено дека италијанскиот клуб ќе плати 2 милиони фунти за позајмицата на Холанѓанецот, со опција за откуп од 25 милиони фунти што би можела да стане задолжителна под одредени услови.

Оваа сезона, Мален одигра 21 натпревар во Премиер лигата, постигна четири гола и имаше една асистенција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата