Сосема логично и без изненадување, екипата на Интер објави дека е потпишан нов договор со актуелниот тренер Кристијан Киву, кој што ќе го води тимот до Џузепе Меаца до 2028 година. Киву е тренер на Интер од 9 јуни 2025 година.
Киву го одведе тимот до двојната круна изминатата сезона, и се покажа како идеално решение во моментов за потребите на Интер.
Интересно е што Киву стана само вториот кој што во историјата на Интер стана шампион на Италија и како играч и како тренер. Прво тоа му појде од рака на Армандо Кастелаци, додека легендарниот Вирџилио Фосати ја освои првата шампионска титула во историјата на „нераѕурите“ како играч-тренер.
Continuiamo a scrivere la 𝙣𝙤𝙨𝙩𝙧𝙖 storia insieme ✍️🖤💙 pic.twitter.com/6ZDqtgDcav
— Inter ⭐⭐ (@Inter) June 18, 2026

