Официјално: Един Џеко со дресот на Шалке! (ФОТО)

22.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Един Џеко со дресот на Шалке! (ФОТО)
ФОТО:facebook.com/S04.en/

Сега е веќе официјално. Од денеска, Един Џеко е нов играч на Шалке 04. Искусниот напаѓач кој има блескава кариера, беше претставен денес во Гелзенкирхен, ставајќи крај на една од најголемите трансфер саги во германскиот фудбал оваа сезона.
По успешните лекарски прегледи, капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина потпиша договор со клубот од Рур.
Џеко не го криеше задоволството од враќањето во Германија, каде што веќе остави длабок белег во текот на раните години од својата кариера. Доаѓањето на искусниот голгетер беше дочекано со голем ентузијазам кај навивачите на „Кралските сини“.
Социјалните мрежи на клубот беа преплавени со пораки за поддршка, а името на Един Џеко беше меѓу најспомнуваните теми во Германија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата