Официјално: Де Ла Фуенте селектор на Шпанија до 2032!(ФОТО)

21.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Де Ла Фуенте селектор на Шпанија до 2032!(ФОТО)
ФОТО:facebook.com/SeFutbol/

Сега е и официјално. Она што е квалитетно, секако дека не треба да се менува. Иако неговото доаѓање како селектор на шпанската фудбалска репрезентација предизвика многу контроверзии, Луис де ла Фуенте ја оправда довербата на водечките луѓе на локалниот фудбалски сојуз.
И, во Фудбалската асоцијација на Шпанија, одлучија да не го менуваат она што им донесе трофеи. Напротив, челниците на шпанскиот фудбал одлучија дополнително да го зајакнат проектот што донесе историски резултати во последните години.
Луис де ла Фуенте официјално останува селектор на Шпанија до 2032 година. Раководството на RFEF едногласно го одобри продолжувањето на договорот со човекот кој за краток временски период ја однесе репрезентацијата до самиот врв на европскиот и светскиот фудбал. Претходниот договор беше важечки до 2028 година, а соработката сега е продолжена за уште четири години, што значи дека Фуенте ќе биде на клупата на репрезентацијата до 2032 година.
За помалку од четири години, Де ла Фуенте ја освои Лигата на нации, Европското првенство, а потоа и Светското првенство во 2026 година. Со тоа, тој стана најтрофејниот тренер во историјата на шпанската репрезентација.
Интересно е што претседателот на RFEF, Рафаел Лузан, уште пред официјалната потврда нагласи дека тренерот не е меѓу десетте најдобро платени експерти во светот и дека новиот договор значително ќе му ја подобри финансиската состојба, но официјално не е објавено колку ќе заработува годишно.
Сега сè е официјално завршено. Де ла Фуенте останува на клупата до 2032 година, што значи дека ќе ја предводи Шпанија низ Светското првенство во 2030 година и уште еден голем циклус на меѓународен фудбал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата