Денеска во Мајами се одржа ждрепката за Светското клупско првенство во 2025 година. Турнирот првпат ќе се одржи во нов формат, а на него ќе учествуваат 32 клуба, кои во првата фаза беа поделени во 8 групи. Екипите од иста земја не се најдоа во исти групи, но ждрепката сакаше некои европски и јужноамерикански гиганти да се најдат во исто друштво.
Особено интересни изгледат групите „Г“ и „Х“ каде не очекуваат неколку супер-интерени пресметки. Во групата „Г“ се најдоа Манчестер Сити и Јувентус, додека во групата „Х“, европскиот првак Реал (М) ќе се сретне со еден од најдобрите саудиски клубови Ал Хилал, но и со австриски Салцбург.
Светското клупско првенство ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
Група А: Палмеирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)
Група Б: ПСЖ (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл Саундерс (САД)
Група Ц: Баерн (Германија), Оукленд Сити (Нов Зеланд), Бока Јуниорс (Аргентина), Бенфика (Португалија)
Група Д: Фламенго (Бразил), Есперанс (Тунис), Челзи (Англија), Леон (Мексико)
Група Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Монтереј (Мексико), Интер (Италија)
Група Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан Хјундаи (Јужна Кореја), Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка)
Група Г: Манчестер Сити (Англија), Видад (Мароко), Ал Аин (ОАЕ), Јувентус (Италија)
Група Х: Реал Мадрид (Шпанија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Ред Бул Салцбург (Австрија)