Очекувано: “Десетката“ на Реал Мадрид за Мбапе! (ФОТО)

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Очекувано: “Десетката“ на Реал Мадрид за Мбапе! (ФОТО)
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Откако Лука Модриќ си замина од Реал Мадрид, јасно е дека едно од најинтересни прашања врзани за “кралевите“ беше кој ќе ја добие “десетката“.

Имаше неколку кандидати, се споменуваше и Арда Ѓулер, сепак овој дрес оди кај Килијан Мбапе. Очекувано ако се знае кој е најголемата ѕвезда на клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Ова сеуште не е официјална одлука на Реал Мадрид, ама медиумите во Шпанија наголемо веќе пишуваат дека Мбапе госакал овој и го добил дрес.

И секако очекувано, ако се знае дека во минатата сезона ја “носеше“ деветката и не беше којзнае колку воодушевен од тоа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата