Очајни пеналџии: Милан промаши половина од пеналите кои ги доби оваа сезона!

31.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Очајни пеналџии: Милан промаши половина од пеналите кои ги доби оваа сезона!

Сантијаго Хименез синоќа стана уште еден од фудбалерите на Милан кој промашил пенал оваа сезона. Неговиот шут од белата точка го одбрани Алекс Мерет при поразот на Милан од Наполи со 2:1 на гостински терен во Неапол. Милан од 0:2 можеше да се врати до реми, но успеа да погоди само Лука Јовиќ и на крајот претрпе пораз.

Хименез нема постигнато гол на ниту еден од последните пет натпревари за Милан и се обиде да ја прекине лошата низа со ударот од белата точка, но не успеа да погоди.

Интересно е што статистички, фудбалерите на Милан оваа сезона промашија скоро половина од пеналите кои ги добија. Процентуално, изведувачите на најстрогата казна кај Милан промашина 44,44% од пеналите кои ги добија оваа сезона. Од вкупно 9 досудени пенали, Милан промаши дури четири. Во листата на неуспешни реализатори се Пулишиќ, Тами Абрахам, Тео Ернандез и Сантијаго Хименез.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата