Новиот тренер на Реал:„Сакам Вини да танцува и да ужива!“

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот тренер на Реал:„Сакам Вини да танцува и да ужива!“
ФОТО: Real Madrid FC/FB

По заминувањето на Чаби Алонсо, односно по отказот кој го доби, раководството на Реал Мадрид веднаш го назначи Алваро Арбелоа. Јасно е дека некогашниот играч на “кралевите“ е само привремено решение се додека не се најде адекватна замена за Алонсо.

Во пресрет на утрешниот меч од Копа дел Реј против Албасете на гости, Арбелоа ја имаше и првата прес-конференција на која покрај другото истакна:

Сакам Винисиус да танцува и да ужива“, посочи Арбелоа, се разбира како одговор на прашање на новинарите како мисли да се “постави“ во однос на бразилската ѕвезда која очигледно е дека не беше задоволна во последно време по сите случувања во Реал Мадрид.

Инаку Арбелоа откри дека веднаш по назначувањето му се јавил на Чаби Алонсо и дека неговото пријателство со него е големо и дека не може ништо да го наруши.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата