Нов малер за Тотенхем: Само што се врати, Бентанкур на пауза нови два месеци

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов малер за Тотенхем: Само што се врати, Бентанкур на пауза нови два месеци

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур, најверојатно ќе паузира околу два месеци поради повреда на зглобот, изјави менаџерот на тимот Постекоглу.

Репрезентативецот на Уругвај беше принуден да игра на мечот со Астон Вила иако штотуку се врати на теренот по деветмесечниот период на лекување за сериозна повреда на коленото.

По прегледот на скочниот зглоб на играчот, Тотенхем потврди дека се очекува тој да го пропушти остатокот од 2023 година. Постекоглу верува дека ќе му треба уште подолго време за целосно да се опорави.

“Тоа е разочарувачки за него. Веројатно ќе му требаат неколку месеци да се врати, што е разочарувачки за него бидејќи сите знаеме и видовме колку напорно се трудеше да се врати. Тој едвај чека да се врати и не се сомневам дека ќе го видиме што е можно поскоро“, рече Постекоглу на прес-конференцијата пред натпреварот со Манчестер Сити.

Тотенхем веќе има долг список со повреди на кој се наоѓаат Џејмс Медисон, Ричарлисон и Иван Перишиќ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата