Лацио е четвртиот патник во четвртфиналето на Купот на Италија, откако вечерва на домашен терен со високи 3:1 славеше над Наполи. „Лацијалите“ одиграа одличен натпревар, а големата желба за победа им донесе еден скоро перфектен меч во кој свое шоу имаше Холанѓанецот Тијани Нослин, кој со хет-трик му донесе место меѓу осумте најдобри на римскиот состав.
Пред првиот гол на Нослин, Лацио имаше пенал во 21. минута, но Закањи не успеа да го претвори во гол. Веднаш потоа почна шоуто на Холанѓанецот. Нослин во 32. минута го донесе својот тим во водство од 1:0, а само четири минути подоцна, Наполи се врати за израмнување на 1:1 со голот на Симеоне.
Во финишот на полувремето, со својот втор гол, Нослин повторно обезбеди предност за Лацио, овој пат од 2:1. Точка на триумфот Нослин постави во 50. минута со својот трет гол.
Лацио им се придружи на Емполи, Милан и Болоња, кои веќе се четвртфиналисти.