Норвешка за ривал во 1/16 финалето ја “одбра“ селекцијата на Брегот на Слоновата Коска

26.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Норвешка за ривал во 1/16 финалето ја “одбра“ селекцијата на Брегот на Слоновата Коска
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

На нешто повеќе од еден час, кога беше објавен составот на Норвешка, се знаеше кој ќе победи вечерва во Бостон. Кој ќе биде прв, а кој втор на табелата на крајот во групата И.

Па така Франција откако славеше со 4:1 сега за ривал во 1/16 финалето ќе ја има Парагвај, Еквадор или Шведска. Од друга страна Норвешка со овој пораз за ривал го одбра составот на Брегот на Слоновата Коска.

Сенегал заврши како трет во групата, и ако успее да се најде меѓу осумте најдобро третопласиран, тогаш ќе игра против победникот од групите Г,Л и К.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата