Нојер се разведе, па замина за Бразил со непозната женска личност (ВИДЕО)

21.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нојер се разведе, па замина за Бразил со непозната женска личност (ВИДЕО)

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, сеуште се опоравува од повредата, и на дозвола на клубот замина на рехабилитација во Бразил. Тоа не би било и некоја вест, ако се знае дека тој во моментов е во процес на развод од неговата долгогодишна сопруга Аника.

Згора на тоа, во Бразил, Нојер е фотографиран во друштво со непозната женска личност, која што го придружувала.

Јавноста отворено се прашува за идентитетот, и сигурни сме дека истиот наскоро ќе биде познат.

Снимката е направена во ексклузивното одморалиште Армасао дос Бузиос, кое се наоѓа на околу 170 километри североисточно од Рио де Жанеиро. Во еден од клиповите, 40-годишниот голман седнува на скутер со непозната жена и заминува.  На интернет кружи и видео од Нојер во ресторан за брза храна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата