Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

20.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

Фантастичен дуел на стартот на денешната програма во Премиер лигата одиграа екипите на Њукасл и Челзи во пладневниот термин. Конечните 2:2 можеа да бидат сосема поинакви, односно резултатот многу лесно можеше да замине во полза на било кој од двата тима на овој меч, а задоволни се само неутралните љубители на фудбалот.
Домаќинот имаше фантастичен старт на мечот со двата гола на Ник Волтемаде, кога по дваесет минути игра поведе со 2:0.

Челзи се најде во чудо, затоа што Њукасл имаше уште по некоја ситуација, и на полувреме веќе моежеше се да биде готово. Сепак, паузата за гостите делуваше фантастично. Рис Џејмс со ретко видена убавица од слободен удар намалува на 2:1, за да Жоао Педро во 66. минута со одличен соло пробив израмни на 2:2.

До крајот домаќинот, но и гостите имаа по некоја зицер ситуација но ниту една не беше искористена за ново водство.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата