Неверојатно: Новиот тренер на Милан своето деби ќе го има против својот син!

2.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Новиот тренер на Милан своето деби ќе го има против својот син!

Играше во Лацио и Интер, а сега седна на клупата на Милан. Во свое време беше дел и од златната генерација на селекцијата на Португалија и важеше за едно на најдобрите десни крила во светот на фудбалот.

Јасно е дека станува збор за Серџо Консеисао кој пред три дена и официјално бепе назначен за нов стратег на гигантот од Милано откако негиовиот претходник Пауло Фонсека доби отказ.

И веднаш Консеисао ќе мора да „удри“ против својот тим. Имено познато е дека утре во меч од 1/2 финалето на Суперкупот на Италија, неговиот Милан ќе се сретне со Јувентус за кого игра неговиот роден син Франциско.

Еве што на таа тема говори Серџо:

Кога сме дома Франциско е мој син, но кога сме на терен во различни екипи тој е мојот ривал“.

Инаку до пред извесно време и двајцата беа во Порто. Серџо како тренер а Франциско како играч.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата