Неверојатно: Манчестер Јунајтед и натаму со Карик на клупата!

27.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Манчестер Јунајтед и натаму со Карик на клупата!
фото: Manchester Utd (X)

Неочекувано ама тоа е тоа. По неколку многу слаби натпревари оваа сезона, само една победа во Премиер лигата во осум кола досега, очекувањата беа дека Мајкл Карик ќе биде отпуштен, особено затоа што нема високи приходи и немаше да биде голем финансиски проблем за Манчестер Јунајтед веднаш да му го исплати целиот договор.
Но, се има трпение на “Олд Трафорд“. По ужасниот натпревар против Борнмут дома (0:3), Мајкл Карик повторно доби голема доверба од раководството на клубот. Тој ќе го предводи тимот против Челзи на “Стемфорд Бриџ“ во сабота.
Да се потсетиме дека и пред поразот од Борнмут, Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Комо во Лигата на шампионите, убедливо со 4:1.
Карик особено беше нападнат откако Бруно Фернандеш беше изоставен за натпреварот против Борнмут, а сето тоа се случи откако Бруно коментираше за тактиката за натпреварот против Комо.
Карик доби овации од навивачите, додека играчите беа исвиркани по натпреварот против Борнмут.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата