Затоа фудбалот е голем, огромен, еден од најголемите и најдоходовни бизниси во светот. Само кај нас во Македонија не е така. Само во нашата држава тоа не е така. Само кај нас вложените пари во фудбалот се фрлени пари.
Имено попладнево од Германија доаѓа веста дека е клубовите од првата и втората Бундес-лига, потпишале нов договор за ТВ права за наредните четири години во износ од неверојатни 4,5 милијарди евра. Оваа сума е нешто слична на годишен буџет на Р. Македонија. Тоа по сезона му доаѓа по 1,121 милијарди евра.
Овој нов договор е со важност од следната сезона и е поголем од постоечкиот за 2% или околу 90 милиони евра.
Значи секоја година 36 клубови од Германија од првите две дивизии само од ТВ права ќе добиваат вкупно 1,121 милијарди евра.