Хрватскиот тренер Иван Јуриќ доби отказ од Саутемптон само еден ден по испаѓањето на клубот од англиската Премиер лига.
Фудбалерите на Саутемптон вчера испишаа историјата наво англискиот фудбал бидејќи по само 31 одиграно коло станаа тим кој најбрзо во историјата испаднал од Премиер лигата.
По вчерашниот пораз од Тотенхем, „светците“ и математички ги загубија шансите за настап во елитата следната сезона, а Јуриќ изјави дека ќе даде се од себе Саутемптон да не собори уште еден рекорд, оној за најмалку бодови во една сезона. Сепак, управата не чекаше тоа да (не)се случи, па веднаш му даде отказ.