Не му се оди во пензија: Милан му понуди нов договор на Модриќ!

16.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не му се оди во пензија: Милан му понуди нов договор на Модриќ!
ФОТО: AC Milan/FB

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона и покрај тоа што е во петтата деценија од животот.
41-годишниот играч од средниот ред и освојувач на Златната топка во 2018 година го напушти Реал минатото лето и го исполни својот сон од детството играјќи за Милан.
Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан веќе му понудило на Лука Модриќ продолжување на соработката и продолжување за уште една година, бидејќи актуелниот договор на хрватскиот ас истекува на крајот од сезоната.
Тој одигра 26 натпревари за „росонерите“, со два гола и три асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата