Навивачите на Реал немаат дилеми: Шампионска титула во Ла Лига или трофејот од ЛШ?

28.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Навивачите на Реал немаат дилеми: Шампионска титула во Ла Лига или трофејот од ЛШ?
фото: Un Nuevo Real Madrid @UnNuevoRM (X)

Шпанските медиуми спроведоа анкета меѓу навивачите на Реал Мадрид во непосредна близина на нивниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, поставувајќи им го главното прашање за претстојната сезона: Кој трофеј би го одбрале доколку треба да бираат меѓу домашното првенство и европската елита.

Во анкетата беа опфатени вкупно 17 симпатизери на кралскиот клуб, а нивните одговори покажаа речиси целосно единство во ставовите. Дури 16 од нив, речиси без размислување, дадоа апсолутна предност на европскиот трофеј, оној од Лигата на шампионите.

Единствениот поддржувач кој одби да направи дециден избор меѓу двете натпреварувања изјави:

„Јас ги избирам и Ла Лига и Лигата на шампионите. Реал Мадрид не смее да бира трофеи — мораме да одиме на сè!“

Резултатите од анкетата уште еднаш потврдуваат дека за приврзаниците на мадридскиот клуб најелитното европско натпреварување останува главен приоритет и критериум за успешна сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата