Вечерва во шпанското првенство ќе се одигра едно интересно градско деби меѓу екипите на Еспањол и Барселона. Барселона е на врвот, четири бода пред Реал Мадрид, додека Еспањол е на 5-то место, два бода помалку од местото што води во Лигата на шампионите. Ова е најдобриот почеток на тимот од „Монжуик“ од 1995 година.
Еспањол летово мораше да го продаде голманот Жоан Гарсија во Барселона, но трансферот беше лошо прифатен од навивачите на клубот, кои и денеска не можат да му простат на Гарсија што си замина за да оди во локалниот ривал.
Еспањол постави заштитни мрежи зад двата гола за да се обиде да ги спречи навивачите да фрлаат предмети кон голманот на Барселона вечерва, а медиумите од градот објавија дека навивачите на Еспањол планирале вечерва да вмесат стаорци на стадионот и истите да ги фрлаат кон Жан Гарсија.

