Најавуван како вундеркинд на Борусија (Д), сега заминува во Копенхаген

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најавуван како вундеркинд на Борусија (Д), сега заминува во Копенхаген

Големиот талент на Борусија (Д), Јусуфа Мукоко ќе ја напушти Бундеслигата. Како што објави германски „Скај Спорт“, 20-годишниот напаѓач е блиску до трансфер во ФК Копенхаген.

Клубот од Дортмунд ќе добие 5 милиони евра за трансферот.

Се очекува играчот во наредните денови да ги помине медицинските прегледи и да потпише долгорочен договор со својот нов тим. Мукоко ја помина сезоната 2024/25  како позајмен играч во Ница.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата