Нагелсман: Репрезентацијата на Германија долги години е при дното

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нагелсман: Репрезентацијата на Германија долги години е при дното

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман зборуваше за целите на националниот тим на Европско првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија.
Како навивач, поважен ми е како тимот игра и настапува отколку само резултатот. Репрезентацијата долги години е при дното. Неодамна немаше ништо што можеше да ни даде надеж за пласман во полуфиналето. Но, верувам дека ако одиграме четири или пет добри натпревари имаме шанси за висок пласман“, вели Нагелсман за „Шпигел“.

Германија доби само три од 11-те меча во 2023 година и на крајот на годината доживеа порази од Турција и од Австрија. На СП 2018 и 2022 не ја поминаа групата, а испаднаа во осминафиналето на ЕП 2021.

Мораме да престанеме да размислуваме во однос на статусот. Велиме дека Германија е врвна фудбалска нација, а со години доживуваме неуспех. Тоа не е начин да се вратиме на патот кон успехот. Конечно треба да започнеме добро да работиме и да мислиме на фудбалот“, рече Нагелсман.

Потсетуваме, Евро-2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата