Холандскиот клуб ФК Емен не доби дозвола да донесе нов спонзор, кој беше подготвен да инјектира половина милион евра по сезона во холандскиот прволигаш. Тимот од североисточниот дел на земјата се договорил со компанијата „EasyToys“ да го носи нивното лого на дресовите, но Холандската фудбалска федерација не им дозволи.

Причината е тоа што посочената компанија произведува сексуални играчки. Од компанијата веднаш реагираа велејќи дека ова е „понижувачки и манифестација на лош вкус од страна на управата на холандскиот фудбал“.

Тимот минатата сезона заврши на 12-тото место, кое беше суспендирано по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.