Мурињо во свој стил – се скри на „Сантијаго Бернабеу“

26.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо во свој стил – се скри на „Сантијаго Бернабеу“
ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Жозе Мурињо го одбележа своето враќање во Реал Мадрид по 4.652 дена со потег што е типичен за него, пркосен чин во кој ги избегнуваше медиумите и јавноста, пишува Дејли Меил. Тренерот на Бенфика, кој беше суспендиран од клупата поради црвен картон во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите, не го гледаше реваншот од своето одредено место на трибините, туку се скри на мистериозна локација.

Наместо очекуваната средба и поздрав со навивачите, Мурињо го гледаше целиот натпревар, во кој неговиот тим беше поразен со 2-1 и елиминиран со вкупен резултат 3-1, од автобусот на тимот. Според шпанската Марка, Португалецот ги изненади сите, особено триесетината новинари кои го чекаа на осмиот кат од стадионот, очекувајќи да се појави во неговата доделена ложа. УЕФА наводно дури и забрани снимање на 63-годишниот тренер, но дури ни тоа не успеа да го намами да излезе од скривницата.

Мурињо беше тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Тој го предводеше клубот до титулата во шпанското првенство, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата