Мурињо: Суперкомпјутерот е СР*ЊЕ!(ВИДЕО)

27.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо: Суперкомпјутерот е СР*ЊЕ!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, реагираше во негов стил на предвидувањата на суперкомпјутерот Opta за евентуалниот победник на Лигата на шампионите. Португалскиот стратег ги коментираше шансите на „кралскиот клуб“ за трофејот за време на неговата прес-конференција пред натпреварот против Алавес од Ла Лига.

Иако Реал Мадрид е единствениот тим со целосен капитал од 15 бода по пет кола во главната фаза од Лигата на шампионите, суперкомпјутерот го сместува мадридскиот тим само на петтото место меѓу фаворитите за трофејот со 10,69% шанси за триумф.
„Суперкомпјутерот е срање“, рече Мурињо низ смеа.


Португалецот објасни дека е прерано да се прават предвидувања за победникот во ЛШ, бидејќи состојбата на тимовите и отсуството на клучни играчи во елиминациската фаза би можеле да бидат одлучувачки. Жозе нагласи дека неговата главна цел во оваа фаза е Реал Мадрид да обезбеди директно пласирање во осминафиналето и да ги избегне дополнителните два натпревари од плејофот. Мурињо, исто така, коментираше за статусот на Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, нагласувајќи дека на ниту еден од тројцата не му е загарантиран на стартното место.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата