Мурињо: Не ги разбирам некои луѓе, во Серија А играат со ентузијазам, а во Европа мрзеливо

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо: Не ги разбирам некои луѓе, во Серија А играат со ентузијазам, а во Европа мрзеливо

 

Рома ремизираше со Сервет во Лигата на Европа и е втора во групата (два бода помалку од лидерот Славија Прага), а ако заврши таму за противник во плеј-офот ќе добие некој тим кој ќе биде третопласиран во групите од Лигата на шампионите.

Тој свесен дека ќе биде под критики поради ремито со швајцарскиот тим, сепак, подели некоја критика до своите играчи.

Не ги разбирам некои луѓе. Во Серија А влегуваат со одличен став, но потоа во Лигата на Европа делуваат мрзеливи, како да не биле навикнати да бидат на клупата и не ја подобруваат својата игра.
Ние одиме во уште еден плеј-оф, кој ќе биде тежок бидејќи може да биде против тим кој доаѓа од Лигата на шампионите. Не сакам да правам драма за одење во плејоф. Драмата, ако постои, е погрешниот став што го имаа овие играчи и тие што влегоа.

Не ми е јасно искрено. Поминав 150 натпревари во ЛШ кои се потешки, сега сум во ЛЕ и им пристапувам на овие натпревари со голем ентузијазам. А има луѓе кои немаат историја во Европа и ги играат овие натпревари површно. Има такви кои даваат се во 90 минути и оние кои вртат нос на ова натпреварување“, рече Мурињо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата