Тренерот на Реал (М) Жозе Мурињо си поставил лична задача да го врати Винисиус Жуниор на неговото највисоко фудбалско ниво. Според информации на „The Athletic“, португалскиот стратег смета дека падот во формата на бразилскиот ас е пред сè психолошки проблем, а не недостаток на фудбалски квалитет.
Мурињо верувал во Винисиус и пред инцидентот со црвениот картон, по кој Бразилецот заработи суспензија од четири натпревари. Токму таа пауза, според проценките на тренерот, негативно влијаела врз неговиот ритам, самодовербата и развојот во текот на сезоната.
Интересно е што Мурињо користи и психолошки пристап за да го мотивира фудбалерот, јавно испраќајќи му пораки дека местото во стартниот состав не му е загарантирано. Винисиус сезонава има само еден гол и три асистенции на 13 натпревари за Реал Мадрид.

