Мундијалот во 2034 ќе се игра во С. Арабија, ама Египет бара да биде домаќин на една група!

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мундијалот во 2034 ќе се игра во С. Арабија, ама Египет бара да биде домаќин на една група!

Денеска ФИФА доби и официјално барање од Фудбалскиот сојуз на Египет, оваа земја да биде домаќин на една група од СП 2034 кое ќе се одржи како што е познато во С. Арабија.

Интересно е тоа што Египет ова го прави ако се знае дека во 1934 година, репрезентацијата на оваа земја беше прва во историјата од Африка која учествуваше на СП. Па така “Фараоните“ сакаат да го одбележат овој јубилеј од 100 години со тоа да бидат еден вид на коортганизатори на Мундијалот во 2034 година.

Се разбира за ова треба нешто да каже и ФИФА, а се разбира и самиот организатор, Саудиска Арабија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата