Му требаа само 4 минути: Џеко влезе и го “реши“ Сан Марино за “три од три“ за БиХ!

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Му требаа само 4 минути: Џеко влезе и го “реши“ Сан Марино за “три од три“ за БиХ!

А, кој друг ако не Един Џеко. Иако има 39 години, босанскиот Дијамант и натаму е најдобриот фудбалер во селекцијата на БиХ. Тоа се покажа и денеска на мечот во Зеница против Сан Марино, во рамките на групата Х за пласман на СП 2026.

Имено до 62.минута, иако бодрени од преполните трибини на стадионот во Зеница, домашните никако не можеа да го пронајдат патот до мрежата на тоталниот аутсајдер. И тогаш селекторот Сергех Барбарез, мораше во игра да го внесе Џеко кој само по четири минути, во таа 6.минута постигна гол и му донесе злато вредна победа на својот репрезентативен тим од 1:0.

Сега селекцијата на БиХ има “три од три“, ова беше трета победа во третиот меч во квалификациите. Па така сега со максимални 9 бидам, БиХ итаат кон Мундијалот 2026.

ФОТО: НС БиХ/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата